Македонија
9. December 2015 - 14:29

Општина Битола ќе гради улици, водовод и улично осветлување во поранешната касарна

Општина Битола објави барање за затворени понуди од понудувачи за изградба на седум улици со тротоари, водовод, систем за атмосферска вода и улично осветлување во поранешната воена област AРM-1 и AРM-2, односно поранешната касарна во градот.

Од локалната самоуправа информираат дека изградбата и реализацијата на овој инвестициски процес треба да заврши во рок од 15 месеци, а наддавањето за понудувачите ќе се врши преку меѓународен тендер.

- Република Македонија доби заем од Меѓународната банка за обнова и развој, за Проектот за подобрување на општинските услуги, и има намера дел од добиените средства од овој кредит да исплати во изградба на седум улици со тротоари, водовод, систем за атмосферска вода и уличното осветлување во поранешната воена област AРM-1 и AРM-2 во општина Битола, информираат од општина Битола

Објавенениот повик за искажување интерес е отворен до 21. декември до кога се приложуваат затворени понуди од подобни понудувачи за изградба на оваа инфраструктура во поранешната касарна,  и истиот ден понудите ќе бидат јавно отворени, нагласуваат од општина Битола.