Македонија
22. December 2015 - 13:51

Општина Битола ја утврди програмата за изработка на урбанистички планови

Општина Битола ја утврди програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичко плански документации во 2016 година.

Од општината информираат дека цел на програмата е да се овозможи ефикасно спроведување на политиката на планирање и уредување на просторот и по согледување на степенот на реализација на плановите, да се предвиди изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Битола.

Со програмата е овозможена изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) за градот, изработка на урбанистички планови во населени и надвор од населени места, изработка на урбанистичко планска документација за туристичко развојни зони и автокампови, изработка на урбанистички планови согласно новодонесениот Закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство, како и изработка на заштино конзерваторски основи и ажурирани геодетски подлоги.

Во 2016 година општина Битола ќе за ја заврши постапката за донесување на урбанистичко плански документации и ДУП во постапка на донесување, а во текот на годината ќе објави јавни повици за доставување иницијативи за иработка на урбанистички планови од заинтересирани правни и физички лица, обврска која произлегува од новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање, велат од општина Битола.