-->
-->
Општина Берово набави ново возило за собирање смет
-->
Општина Берово набави ново возило за собирање смет, кое ќе биде наменето за подобрување на јавната чистота во градот. Од општината очекуваат со ова возило кое ќе му биде претстапено на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“, граѓаните да добијат подобар сервис на услуги.
-Сметаме дека со набавката на возилото кое е половно, ќе биде проширена услугата, ќе бидат опфатени сите села во општината, а ќе се подобри и јавната чистота и на туристичките населби, истакнаа од општината. За потребите на градот, како што информира директорот на ЈПКР „Услуга“, Илија Рунтевски, набавени се и нови канти за отпадоци.
-Со цел да ја подобриме сликата за градот, за почисто и поубаво Берово, набавени се и мали канти за ситен отпад и повеќе контејнери кои ќе бидат поставени на неколку локации во градот, информира Рунтевски.
Вработените на јавното претпријатие во изминатите три дена напорно работеа на расчистување на градскиот плоштад, каде пред неколку дена се одржа Етно Плоштад Фестивалот, при што како додадоа од претпријатието е отстранет целиот отпад и транспортиран до градската депонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата