Македонија
8. March 2017 - 10:22

Општина Аеродром во кампања за селектирање и рециклирање отпад

Вработените во Општина Аеродром од овој месец се вклучуваат во кампања за селектирање и рециклирање пластични шишиња и хартија, во соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак.

Целта на оваа акција е покрај свеста за општествената одговорност за обезбедување поздрава животна средина, да се минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, а со тоа да се овозможи поквалитетен живот за сите.

Од општината апелираат и граѓаните да се вклучат во оваа еколошка акција на тој начин што ќе го селектираат отпадот од амбалажата и ќе го одложуваат на соодветни места наменети за тоа, како што се подземните контејнери и другите специјали контејнери за отпад од пластика.