Фудбал
26. August 2015 - 10:15

Oпштина Аеродром ве кани на турнир во мал фудбал

Рокот за пријавување екипи за учество на турнирот во мал фудбал „Скопје 2015“во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ е продолжен поради големиот интерес. Турнирот во мал фудбал што оваа година ќе се одржи по четврти пат, ќе почне на 1-ви септември, а натпреварите ќе се одржуваат секој ден во попладневните и вечерните часови од 17:00 до 23:00 часот. Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците. Пријавување и информации на тел.број 075 442-044