Македонија
15. December 2022 - 11:15

Општина Аеродром: Сите деца се на безбедно до завршувањето на проверките

– Поради информациите за поставени бомби во основните училишта во Аеродром, од Општината апелираат на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во овие случаи. Благодарение на брзото постапување, велат од Општината Аеродром, до сега сите дечиња се на безбедно, придружувани од своите родители или наставниот кадар.

-Според информациите кои ги поседуваме, во сите училишта е спроведен планот за евакуација, кој предвидува децата да бидат на безбедна дистанца од училиштата. Истовремено, родителите се повикани доколку се во можност, да ги земат своите деца од училиште, се вели во соопштението од Општината.

Општина Аеродром, нагласуваат оттаму, одржува редовна и постојана комуникација со полициските службеници од Министерството за внатрешни работи. Сите нивни ресурси, велат од Општината, се ставени на располагање до целосно завршување на потребните проверки.