Општина Аеродром: Нема да дозволиме затворање на училиштата
Неопходно е наставата да се одвива со физичко присуство и ќе го обезбедиме тоа и покрај немањето слух на централната власт за проблемите со кои се соочува локалната самоуправа, а за што говорат и намалените дотации и трансфери во време на сериозна енергетска и економска криза, соопшти денеска Општина Аеродром.
Во соопштението се наведува дека Општината „останува цврсто на ставот дека е неопходно учениците да останат во училишните клупи, а секоја одлука спротивна на ова негативно ќе се одрази на целиот образовен процес“.
– Општината Аеродром ќе ги преземе сите неопходни чекори со цел младите да може да посетуваат редовна настава и да не се загрози образовниот процес. Вклучително и преземање на целиот товар кој ќе преоизлезе од трошоците за обезбедување настава со физичко присуство, доколку од страна на централната власт биде наложено. Потсетуваме дека општина Аеродром веќе презема сериозни мерки за штедење електрична енергија. Сите основни училишта беа опремени со фотоволтаици со што се зголеми нивната енергетска независност и значително се намалија трошоците, а неколку училишта добија енергетски ефикасни фасади, информира Општината.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право