Општина Аеродром ќе донира средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Општина Аеродром ќе донира парични средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна информираше дека во среда, на редовната седница на Советот на Општина Аеродром, ќе биде донесена одлуката со која ќе се обезбедат потребните средства за помош на погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
„На моја иницијатива, а во координација со Претседателот на советот Дејан Митески, во среда ќе се одржи седница на Советот на Општина Аеродром на која ќе биде донесена одлука за обезбедување средства од буџетот на општината. Средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша Муцунски на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Муцунски исто така оствари и телефонски разговор со амбасадорот на Турција во Македонија, при што упати длабоко сочувство до турскиот народ и посака што поскоро животот во погодените градови да се врати во нормала. Во рамки на телефонскиот разговор, Муцунски ја истакна подготвеноста на општината Аеродром за поддршка и помош во следниот период.
Ново на Сител
-
Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението ,,Цар Борис III “ Охрид
-
Земјотрес почувствуван во Штип и околината
-
ДПИ: Извршени над 500 инспекциски надзори, наплатени над 180 прекршоци во вредност од над 6.500.000 денари
-
Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите
-
Уапсени 10 лица од Скопје, Тетово и Велес кои сексуално злоупотребувале малолетничка
-
Битиќи: Економијата не може да чека, потребни се работници веднаш
-
Маричиќ во работна посета на Шведска
-
Бугарија: Нови закани за поставени бомби низ училишта