Опрема за рано дијагностицирање на туберколоза на Институтот за белодробни заболувања
На Институтот за белодробни заболувања во Скопје набавена е нова апаратура за рано откривање на туберколоза, односно утврдување латентна инфекција од ова заболување.
Станува збор за инвестиција од 8,5 милиони денари обезбедени преку проектот на Владата за опремување на 80 лаборатории за научно-апликативни дејности што се спроведува преку Министерството за образование и наука.
- Ова значи можност за утврдување на ризикот од инфекција од туберколоза кај лица кои биле во непосреден контакт со заболени од ова заболување, уште во периодот кога не се евидентни симптомите, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска беше во посета на лабораторијата заедно со министерот за здравство Никола Тодоров и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Досега, за реализација на проектот за набавка и опремување на лабораториите за научно-апликативни дејности инвестирани 1,6 милијарди денари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација