Опозициските партии на протест пред зградата на општина Тетово во пресрет на владината седница
Протест поради енормно загадениот воздух на улицата пред зградата на општина Тетово, вечерва одржаа граѓани по повикот на општинскито комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово. Поради одржување на владина седница нив не им беше дозволено протестот да го одржа пред зградата на општината, туку стотита метри подалеку.
-Денешниот протест е поради енормната загаденост која ја имаме деновиве. Општината и централната власт кажуваат дека загаденоста е поради реконструкција на улицата. Но, тоа не е вистина. Загаденост во Тетово имаме во интервал од 21 часот до 23 часот. Ниту општината ниту централната власт не преземаат мерки и ние вршиме притисок тоа да го направат. Во Тетово поради последици на загаден воздух има 261 лце починато што е најмногу во Македонија. а мерки нема никакви. Владата да преземе мерки, ако не ќе го повикаме целото население во градот Тетово на протест, изјави Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.
-Изненадени сме посебно зошто градоначалничката Теута Арифи како жена не обрна внимание на хигиената и општо за здравјето на луѓето што е многу важно. Овде нема политика, овде има живот за сите граѓани подеднакво дали е воздух или друго мора да се обрне внимание, изјави Светлана Карапетрова.
Пред зградата на општина Тетово изјави дадоа и претставници на партиите Алијанса за Албанците и Беса кои исто така побараа Владата на седницата да даде одговор на нерешените проблеми на граѓаните.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.