Македонија
6. July 2015 - 16:38

Опозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира

Постојано објавуваат лажни информации околу преговорите за надминување на политичката криза. Измислуваат дека ќе се случат лидерски средби кои не се предвидени. Соросовите медиуми, според експертите, останаа без кредибилитет поради постојаните лаги и пристрасното известување.

Порталите А1 Он, Мета, Либертас, Репортер, Нова ТВ,  ФОКУС и останатите проопозициски медиуми, минатата недела објавија дека ќе има лидерска средба и дека на неа сосема е извесен договор. Не само што немаше договор туку и не се одржа никаква лидерска средба.

Откако самите се демантираа дека нема лидерска средба, на Либертас и Нова ТВ излегоа текстови во кои што ретерираа дека таа не се одржала затоа што за деталите не се согласил премиерот Груевски.

Ова беше демантирано веднаш по неколку часа од самиот Заев кој во одговор на прашање рече дека не е постигнат договор за основните работи.

Денес повторно медиумите на СОРОС изнесуваат информации дека наводно ќе има лидерска средба, а некои објавуваат и информации дека таа ќе се одржела неделава. На ова претходеа и низа други дезинформации дека бил постигнат договор кој само што не е објавен, а ова не се случи.

Според медиумските експерти, ваквото дезинформирање води до трајно паѓање на довербата кај граѓаните во овие медиуми, кои сакајќи да одработат за СДСМ го рушат својот кредибилитет.

Известувањето за политичката криза е само дел од низата дезинформации кои ги објавуваат овие медиуми. На денот кога се случи акцијата во Кумановското “Диво насеље“, истите овие медиуми известуваа дека таму имало цивилни жртви и полициска бруталност,