Македонија
3. March 2021 - 16:43

Опозицијата поднесе закон за поништување на законот за попис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поднесе законот за поништување на тековниот попис. Законот е поднесен со пратенички потписи, но поткрепен со над 100.000 граѓански потписи кои партијата ги собираше минатата недела. Со предлогот се предвидува престанок на важењето на законот за пописот на населението во 2021 со што практично се бара да сопрат сите активности за статистичката операција.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна седница на која ќе се расправа законот.

Од власта пак, тврдат дека ова е само политички маркетинг на ВМРО-ДПМНЕ кој нема да промени ништо за тековниот попис.

Против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ се изјасни и алабанската опозиција иако имаат забелешки за статистичката операција.

Од Алијанса на Албанците тврдат дека постојаната апликација за попишување на дијаспората ја нема во чисто албанска верзија што било спротивно на законот за попис.