Македонија
20. April 2021 - 16:45

Опозицијата поднесе кривични пријави за Џафери и пратениците кои гласаа во скафандери, власта тврди дека биле принудени

По две кривични пријави заработија собранискиот спикер Џафери и двајцата пратеници од коалицијата на СДСМ Бисера Костадиновска и Мирослав Богдановски кои во скафандери дојдоа на седницата во неделата и покрај тоа што се позитивни на корона и во изолација.

Пријавите издвоено ги поднесоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но основот е ист: Ширење на заразна болест и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Левица поднесе пријава и до Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од власта велат: Протоколот е  правен основ за доаѓањето на двајцата пратеници. Потегот бил направен во крајна нужда поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ванчева вели дека за утрешната нова седница веројатно ќе нема потреба власта да носи пратеници во скафандери имајќи предвид дека на Костадинова изолацијата и завршува денеска. Мнозинството се надева на 61 присутен пратеник од своите редови.