Македонија
4. December 2019 - 16:47

Опозицијата поднесе иницијатива до собранието за предвремена ратификација на членството во НАТО

Опозицијата бара  Власта да достави закон за ратификација за членство на Македонија во НАТО и овој собраниски состав да гласа за нејзе. Ваква иницијатива поднеле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до  претседателот на Собранието Талат Џафери. Бараат протоколот  да се ратификува пред да се распушти Собранието, за изборите на 12 април.

Според Џафери, пратениците барањето го упатиле на погрешна адреса.Според уставот, владата,а  не пларламентот е надлежно за ратификација.

По поднесувањето на инцијативата, реагираше и СДСМ.

Дека овој собраниски состав треба да го ратификува протоколот смета и пратеникот Зијадин Села. Според него  земјава треба да  го следи примерот на Црна  Гора, која во 2017 година го ратификуваше протоколот, еден месец пред Холандија и Шпанија да дадат зелено светло. Ја повика власта на закажаната собраниска седница следниот четврток, ратификација да ја стави на точка на дневен ред.