Македонија
20. October 2019 - 16:42

Опозицијата очекува вечерва да биде договорен датум за предвремени парламентарни избори

Договор за датум за предвремени избори, ваков исход очекува опoзицијата од вечерашната лидерска на Вила Водно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по средбата со граѓаните на Автокоманда. Николовски не откри кој датум за предвремени го посакува опозицијата.

И СДСМ остануваат на ставот дека на земјава и се потреби брзи парламентарни избори, а одлуката остаува на граѓаните.

Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен.

Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може.

Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја.

На својот фејсбук профил се огласи Заев. Промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе.. Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. Сите 2 милиони, напиша тој.

На маса кај Пендаровски, ќе седнат и лидерите на четирите партии од албанскиот политички блок. Беса и ДУИ веќе побараа предвремени, а ваквата одлука на премиерот ја поздравија  и Алијанса на Албанците.