Бизнис
12. November 2019 - 16:44

Опозицијата обвинува - ова е буџет за предизборен поткуп на гласачите

Пензиите ќе растат над законскиот максимум, платите во администрацијата над продуктивноста, а парите за капитални инвестиции повторно ќе биде тешко да се потрошат.

За експертите, оправдано е зголемувањето на платите во здравството и образованието, но општиот раст на платите во администрацијата не е оправдан затоа што продуктивноста кај овие работници не е зголемена. Растот на пензиите над 700 денари е надвор од законот според кој пензиите треба да растат соглансо растот на платите и цените.

Преценета и сумата за капитални инвестиции. 370 милиони евра тешко дека ќе бидат потрошени годинава, а во изборна година уште потешко. Проблем кој останува и во овој буџет е несоодветното планирање на капиталните проекти.

За опозицијата ова е историски најголем буџет кој не предвидува пари за нови прокети туку само популистички и неразвојни програми.

И не само што крати од капитални инвестиции. Зоран Заев ги залажува и пензионерите. Првин им скрати три години по ред по 600 денари покачување, за сега да им ветува само 700 денари. Заев ги оштети пензионерите за 1.800 денари до сега, пари кои ќе ги имаа доколку Заев не беше власт.Дополнително покачувањето на минималната плата со која се фали не се реализира во пракса, бидејќи работниците се принудени да враќаат дел од парите на рака, а институциите не преземаат ништо во однос  на тоа, вели Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека предлог буџетот е обид за поткуп, но гласачите нема да наседнат на тоа.