Македонија
15. January 2020 - 16:39

Опозицијата обвинува дека фирма на Анѓушев добила тендер од одбрана, Шекеринска демантира

Министерката за одбрана ставила потпис на тендер тежок 1,6 милиони евра кој го добила фирмата ЕДС, поврзана со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Шеќеринска демантира. Вели фирмата ЕДС не е во сопственост на Кочо Анѓушев. Таа обвинувањата ги нарече лажни и тенденциозни.

„Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија.На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. “ – стои во демантот на Шеќеринска.

Инаку фирмата ЕДС порано беше во сопственост на вицепремиерот Анѓушев се додека тој не ја продаде на грчката ППС, која во моментов се води како официјален сопственик на оваа компанија која тргува со електрична енергија.