Македонија
28. October 2021 - 19:56

Опозицијата направи мнозинство во Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, Левица и коалицијата на Алијанса и Алтернатива го формираа новото мнозинство во градскиот совет во Скопје.
Информацијата утрово ја потврдија и двете опозициските партии

Од Левица во писмено соопштение потврди дека опозициските партии заедно имаат поддршка од 24 советници од вкупно 45 колку што брои општинскиот совет.

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје! Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини – велат од Левица

Во СДСМ велат дека ништо не е готово

Но во недела гласањето во Шуто Оризари ќе се повтори само на 1 избирачко место кое брои 655 гласачи а мнозинството во Советот на Град Скопје има двајца советници над потребниот минимум. ВМРО-ДПМНЕ доби 18 столчиња Левица 4 и Алијанса две.
Најголемата партија сама без коалициони партнери има апсолутно мнозинство и во Аеродром, Гази Баба, Кислеа Вода и Бутел.