Свет
28. October 2016 - 8:32

Опозицијата на Венецуела повика на генерален штрајк

Приврзаниците на опозицијата во Венецуела повикаа на генерален штрајк утре во траење од 12 часа, со цел да го зголемат притисокот за смена на претседателот на државата Николас Мадуро.

Генералниот секретар на опозициската партија Тркалезна маса на демократско единство, Хесис Тореалба го најави и претходно планот за штрајк на протестите за смена на Мадуро, кои беа одржани во главниот град на Венецуела. 

Повеќе стотици илјади приврзаници на опозицијата се собраа тогаш на улиците на Венецуела на протести против Мадуро, кого го обвинуваат дека станал диктатор поради тоа што го блокирал плебисцитот за негово заминување од власт. 

Социјалистичкиот претседател и опозицијата на централната десница меѓусебно се обвинуват за организирање државен удар. 

Венецуела е погодена од економска криза поради падот на цената на суровата нафта, што доведе до недостиг на лекови и храна.