Македонија
26. January 2018 - 16:17

Опозицијата ќе поднесе илјадници амандмани на Законот за јазиците- последен повик до власта да го повлече

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ засега има поднесено 70-тина амандмани на Законот за употреба на јазиците кој ќе се најде на седница во понеделник за повторно разгледување откако беше вратен од шефот на државата Иванов со низа забелешки како неуставен. Најавите се дека до истекот на рокот – утре попладне, пратениците на ова партија можно е да поднесат илјадници амандмани што ќе биде прв ваков случај по 15-те илјади амандмани на ДУИ за законот за бранители во 2012 година.

Опозициската партија денеска го реафирмираше  барањето за повлекување на законот и да се формира работна група која ќе изготви ново законско решение согласно Уставот за унапредување на употребата на сите малцински јазици, а не само на албанскиот.

-  „СДСМ и ДУИ по секоја цена сакаат да ја соочуваат власта. Јасно е дека СДСМ изгуби на послесдните избори и сега меѓу другото и со зканот за употреба на јазиците ја плаќа цената за да ја одржи владат и власта“., вели Владимир Ѓорчев, координатор на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе се врати само за оваа точка, за останатите прашања пратеничката група нема да учествува во работата бидејќи како што вели Ѓорчев Македонија е единствената држава во моентов со политички затвореници.

Од коалицијата на СДСМ се уште нема одлука дали ќе имаат амандмани на законот.

 „Ние и минатиот пат поднеовме амандмани на законот. Нашите амандмани се спремни, но дали ќе ги поднесеме или не, остануваме на проценка на пратеничката група која што до сабота треба да ја донесеме. Во овој момент немаме одлука дали ќе поднесеме амандмани или не“, изјави Горан Милевски ЛДП

Од ДУИ и БЕСА веќе најавија дека нема да имаат амандмани. Координаторот на ДУИ Ејуп Аљими веќе и го примени законот тој денешните изјави пред новинарите ги даваше иусклучиво на албански јазик.

Собранието во понеделник за прв пат ќе ја примени праксата да гласа за амандмани изготвени врз основа на забелешки од шеф на држава откако тој не го потпишал указот за прогласување на законот.  Поднесените амандмани ќе бидат разгледувани само на пленарна седница. Предлагачот ќе има три минути да ги образложи амандманите и тој ќе може да оди на гласање. Координаторите на пратеничките групи ќе можат да побараат и право на процедурална забелешка од три минути. ВМРО-ДПМНЕ најавува дека во понедленик ќе настапува со 10 пратенички групи.

Досега закони враќаа и Бранко Црвенковски и Борис Трајковски, но тогаш се уште не беше донесен актулениот Деловник, па законот само се прегласуваше.