Македонија
25. May 2019 - 16:23

Опозицијата и власта со меѓусебни барања за оставки

СДСМ бара одговорност од опозициските пратеници обвинети за криминали, ВМРО-ДПМНЕ повика на оставка од премерот Заев.

По повлекувањето на пратеникот Богоевски опозицијата расветлување на случајот, но наместо тоа велат дека власта  ја впрегна машинеријата да го покаже пратеникот Богоевски како светец. Повикувајќи се на меѓународни истражувања и анализи, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека криминалот во земјава цвета токму поради неспособноста на Владата.

„Државата тоне во хаос, мафијата ја води државата, криминалот цвета, додека претставници на власта блескаат во очите. Зоран Заев и Оливер Спасовски ја претворија Макеоднија во ветена земја за криминалот и за мафијата, а анализи покажуваат спрега на власта со мафијата давајќи политичка поддршка. Заев, Спасовски, ова е навистина срамно, заминете си, граѓаните на Република Македонија не заслужуваат криминогена власт, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На ден пред најавениот централен одбор на кој ќе одлучува за смени најпрво на партиските кадри, владејачката партија преку писмено соопштение ги повика народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ да го следат примерот на Павле Богоевски.

Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија? Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе гласаат „за“ одземање на неговиот мандат? – се наведува во соопштението.

„ Кој се ќе биде опфатен со метлата која Заев ја најави помеѓу двата изборни круга, Централниот одбор на СДСМ ќе одлучува утре. Најавите се дека во фокусот на состанокот ќе бидат смените на централно ниво, но не се исклучува можноста да се разговара и за кадровски смени во Владата.

Засега нема најави ниту за нова средба Заев-Ахмети. Кога коалициските партнери ќе ја реконструираат Владата, од ДУИ велат дека ќе биде познато во текот на следната недела.