Опозицијата го обвини Рама за геноцид врз Албанците
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија Љуљзим Баша во неговата прва реакција околу информациите дека во Албанија се внесени 1.300 контејнери со опасен хемиски отпад, упати обвинување до албанскиот премиер Еди Рама дека извршува геноцид врз албанските граѓани.
- Очекуваме официјална потврда за информациите, но очигледно сме соочени со криминал од несогледливи размери. Најмалку 1.300 контејнери со по 30 тони хемиски отпад се складирани во земјата. Тие се сериозна закана за здравјето и безбедноста на Албанците кои живеат во подрачјата каде тој отпад е однесен. Тоа е геноцид врз Албанците, нагласи Баша.
- Тоа се случува кога „криминалот ја диктира агендата на Владата“, изјави Баша и додаде, дека откако коалициските партнери го усвоиле законот за увоз на отпад веднаш се отпочнало со негово внесување.
Италијанскот портал „Планета Италија“ пишува дека, Владата на албанскиот премиер Еди Рама тајно извршила увоз на најмалку 1.300 контејнери со отпад во Албанија и оти истиот бил складиран во земјата.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари