Македонија
13. April 2021 - 16:47

Опозицијата ги повлече амандманите на Законот за државјанство за да се деблокира економската помош

ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство на Алијанса и Алтернатива со цел да се облокира 5 пакет економски мерки. Пратеничката група на партијата се реши на ваков чекор само ден откако СДСМ и алабанската опозиција направија чекор напред за ново решение за статусот на лицата кои не можат да стекнат македонско државјнство.

- „Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој се наоѓа земјата, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство, со цел конечно да се изгласа петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и на стопанството. Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството“.

Мицевски вели дека не очекува СДСМ да го изгира потег со повлекувањето на амандманите и да го гласа законот на Алијанса и Алтернатива со кој државјанство би можело да се добива само со сведоци бидејки постојано имало изјави дека тоа не е прифатливо за нив.

Албанската опозиција вели дека по деблокадата и тие сега ќе ги повлечат амандманите на економските мерки.

Од СДСМ  велат дека ВМРО-ДПМНЕ морало да биде притиснато за да направи ваков чекор.

Повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство ги потврдува информациите дека постоел договор помеѓу АА и ВМРО- ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично како сега ВМРО-ДПМНЕ одеднаш на ист текст на Законот немаат забелешки... Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ за нивната неодговорност и несериозност пред граѓаните. Ако тие навистина беа подготвени за поддршка на граѓаните и компаниите немаше да ја напуштат седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година.

По потезите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива, законите од 5 пакет можат да се донесат уште денеска, а најдоцна до петок.