Македонија
22. January 2022 - 16:38

Опозицијата ги подготви измените на Законот за Влада - Нема согласност од власта за избори

ВМРО ДПМНЕ од понеделник ќе ги поднесе измените на законот со кои бара да се укине пржинската Влада за организирање на предвремени избори. 

Со бришење на предложените одредби опозицијата бара итни предвремени избори кои ќе се организираат како и до пред 2016г. ВМРО ДПМНЕ со предлог измените нуди да се организираат избори без технички премиер, без учество на опозициски министри и во уставниот рок од 45 до 60 дена. ВМРО ДПМНЕ велат се подготвени и за воведување на една изборна единица.

Од СДСМ го повторија ставот дека не прифаќаат предвремени избори и велат дека со оваа понуда ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го потврдува стравот од лошото работење на нивните градоначалници. За предлогот на Мицкоски велат дека не е искрен и е еден вид уцена.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ во интервју за Сител рече дека прифаќа средба со новиот премиер Димитар Ковачевски, но очекува покана која до сега не пристигнала. Од СДСМ возвратија дека премиерот е искрен во намерата да разговара со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, но не прецизираа кога. Велат наместо со предлози за укинување на пржинска влада очекуваат Мицкоски да помогне со предлози и идеји за надминување на кризата. 

Во однос на барањето за една изборна единица и отворени листи со што помалите политички партии ја условуваат поддршката за Влада, од СДСМ велат дека за нив се прифатливи но за тоа е потребен е политички косензус. Од ВМРО ДПМНЕ велат подготвени се веднаш да разговараат за измени на законот.