Македонија
23. November 2020 - 12:02

Опозицијата денеска ја бојкотираше координацијата кај Талат Џафери

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, на Алтернатива и Алијанса на Албанците, Никола Мицевски и Скендер Реџепи денеска ја бојкотираа редовната координација кај собранискиот спикер Талат Џафери.

Причината за ова бојкотирање е како што откриваат неофицијално извори од опозицијата тоа што Џаферри не ги почитувал претходните договорите од претходните координации, директен повод Мицевски и Реџепи да не се појават на состанокот е тоа што Џафери минатиот понеделник воопшто не ги спомнал измените на Деловникот за интернет седници кој што ги поднесе во Собранието. 

Катерина Нешкова