Бизнис
2. November 2019 - 16:40

Опозицијата бара владата да ги надомести штетите од прогресивниот данок, Заев смета дека враќањето кон рамниот данок е чесен потег

Владата да ги врати парите на сите кои годинава плаќаа повеќе данок. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ вели дека со одлуката на Владата да го врати рамниот данок всушност власта дошла на тоа што опозицијата го зборувала. За Мицковски замрзнувањето на прогресивниот данок до 2023 година е признавање на погрешните и егзибиционистички политики.

Прмеиерот Заев пак смета дека е чесно да се признае дека прогресивниот данок не ги дал посакуваните резултати и дека земјата неподготвена влегла во реформата. Сите змеји во регионот имаат рамен данок, а анализите покажале дека капиталот е мобилен и се отвораат сметки во други држави. Бројките пкажале дека во овој период прихдите од перосналец се зголемиле за 14%, но дека тоа е резултат и на 54.000 нови работни места и на покачените плати. Но, за Заев ризично е што во ист период се намалил данокот на добивка кој го плаќаат фирмите. 

За разлика од власта која признава дека погрешила, Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот минисер за финансии Тевдовски во чие време беше направена рефоормата, вели дека Владата брза со одлуката за замрзнување на прогресивниот данок.

„Jасно е дека аргументацијата на Министерката за укинувањето на прогресивниот данок е целосно непоткрепена и нестручна. Всушност, и самото тоа што Министерката дава оценка на ефектите од даночната реформа на база на податоци за само шест месеци, е благо кажано, несериозно.  Првата поиздржана оценка за прогресивниот данок ќе може да се даде дури кон средината на 2020 година, по поднесувањето на годишната даночна пријава. Сите оние лица кои во текот на 2019 година имале повеќе приходи во текот на еден месец, кои што индивидуално се пониски од 90.000 денари, но собрани заедно надминуваат 90.000 денари месечно, со пријавата ќе треба да доплатат данок. Оттука, пред да се согледаат овие податоци, секоја оценка на ефектите од даночната реформа е нецелосна и непрецизна.

Прогресивниот данок почна да се применува на старот на оваа година и на негативните ефекти предупредуваат и експеритите и бизнис заедницата. Но, Владата лани на два месеци на истекот на годината сепак одлучи да го воведе со образложение дека е праведно богатите да плаќаат повеќе.