Македонија
22. December 2019 - 16:28

Опозицијата бара утре Собранието да расправа за загадувањето - власта тврди мерките даваат резултат

ВМРО ДПМНЕ бара од спикерот Џафери прва точка на утрешната пленарна седница пратениците да дискутираат за состојбата со аерозагадувањето. Пратеничката група од опозицијата поднесе информација за загадувањето и тврди дека согласно спикерот е обврзан да ја стави на дневен ред.

Владата за следната година во планот за чист воздух планира 100 милиони денари. Оваа програма е успешна и со неа заштедиле и буџетски средства. Заменикот министер Макрадули признава дека доцнат со најавените проекти за почист воздух, таков е примерот со студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу во Скопје кој мазутот го заменија со екстра лесно масло.  Тој сепак тврди дека бројот на загадени денови е за неколкупати намален оваа сезона. Најави замена на не еколошки системи на греење во 40тина градинки, училишта и државни објекти.

По информациите од хрватските власти дека во државата се увезува опасен мазут, заменикот министер тврди дека има дел од информациите но тврди дека не е возможно да се увезе по легален пат. Спречен е тој обид за илегален дотур на нафтата тврди Макрадули и набрзо ќе соопштеле повеќе детали.