Македонија
25. August 2019 - 16:58

Опозицијата бара одговорност за сите во случајот ,,Рекет‘‘, владејачката СДСМ ќе ја чека истрагата

Функционерите на СДСМ кои на кој било начин се ставени во корелација со аферата „Рекет“ нема што да зборуваат или да даваат отчет во партиските тела, истрагата е таа која треба да покаже дали се поврзани со случајот. Ова е ставот на владејчката партија откако во јавност излегоа наводни цитати од записникот на бизнисменот и обвинет во Империја Орце Камчев во кои се споменуваат имињата на лидерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска и  пратеничката Фросина Ременски со нејзиниот сопруг.

Според него партиската декларација за борба против криминалот и корупцијата засега е доволен потег за политичка одговорност, а и не верува дека некој од СДСМ е дел од „Рекет“

Заев, Шекеринска и Ременски вчера се оградија од наводните цитати од записникот, иако обвинителството ја потврди автентичност на онаа страница која беше објавена во медиумите и најавија тужби.

За опозицијата пак, тоа е неприфатливо. Велат наместо закани за медиумите требало да објаснат зошто биле споменувани од Камчев. За нив е неприфатливо и тоа што се уште не с еповикани на распит со обивнителката Вилма Рускоска и бараат одговорност за тоа.

Слични пораки стигнаа и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот? Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра?“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека „Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад и дека наскоро следува Обнова на Македонија“.