Македонија
12. April 2021 - 16:41

Опозицијата бара одговорност за аферата „Мафија“ и заплената на дрога - Власта тврди дека се спроведува законот

Каква е поврзнаоста на бугарската фирма на Заеви и онаа од Битола од која што потекнува марихуаната која пред неколку дена беше запленета во акција на американската ДЕА. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од премиерот Заев и Минситерот Спасовски за аферата која ја нарекоа „Картел Заеви“.

Кој си згрешил ќе одговара без разлика со кого е близок, одговори премиерот.

Опозицијата денеска побара одговорност и за аферата Мафија која ја објави лидерот Мицкоски. Од партијата прашуваат зошто Оливер Спасовски не распишал потерници по најбараните балкански криминалци ако како што тврди повеќе  од една година знаел дека во МВР се издаваат фалц пасоши.

Во СДСМ ги отфрлаат обвинувањата и прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ кого го обвинуваат за саботажа на истрагите и ширење на лажни вести.

Во последните 10 дена Македонија ја тресат две големи афери. На почетокот на минатата недела опозицијата објави дека над 200 криминалци од балканот добиле пасоши во Македонија а викендов во акција на американската ДЕА паднаа 200 килограми марихуана на патот Прилеп Росоман.