Бизнис
3. November 2019 - 16:35

Опозицијата бара обештетување на засегнатите од прогресивниот данок - владата вели нема простор за тоа

Враќањето на рамниот данок е  салто мортале на власта. Според опозицијата, ова само покажува дека владејачката партија е во идеолошка конфузија. Примената на прогресивниот данок предизвика огромна штета на граѓаните и фирмите. Најзасегнати се стидентите и малдите брачни парови кои плаќаа поскапи кирии заради зглемените давачки. Сега, според поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, власта треда да ја исправи неправдата кон тие кои 10 месеци плаќаа повеќе и да ги обештети, а затоа има и начин.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека не постои простор за обештетување на сите кои од почетокот на годината плаќаа повисоки даноци.

Вицепремиерот вели тој немал влијание на одлуката на Владата за повлекување на данокот според кој богатите требаше да плаќаат повеќе. Анализите ги павело МФ и тој ги видел на последната валдина седница.

Владата во петокот објави дека го замрзува прогресивниот данок до 2023 година затоа што не ги дал очекуваните ефекти. Анализата покажала дека наплатата на персоналец расте, но се намалиле приходи од данок на добивка. Забележано било и отворање сметки во околните држави каде има рамни даноци.

Заради сето ова премиерот вчера кажа дека чесна Влада во ваква ситуација се повлекува. Освен замрзнување на прогресивниот данок, се одлага даночењето и на капиталните добивки и каматите од депозитите, а зголемен и прагот за регстрација за ДДВ обврзници од милион на два милиони денари.