Македонија
26. April 2017 - 11:15

Опожарено возилото на познатиот македонски пејач

Ноќеска oколу 00,55 часот било опожарено едно возило.

Според неофицијални извори во МВР било опожарено патничко моторно возило Ауди А8 на ул.„Натанаил Кучевишки“ кое е во сопственост на Сашо Каимовски – Панки, пренесува порталот Фактор.

Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ. Најверојатно се работи за подметнат пожар.