Македонија
16. October 2017 - 13:43

Опожарено возило во скопско Лисиче

Ноќеска околу 02:50 часот во Скопје на ул.„Тодор Чангов“ опожарено е патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С. Н.(40). 

Како што соопшти МВР, причините за пожарот не се познати.

Пожарот бил локализиран околу 03:30 часот утринава од страна на Бригада за протипожарна заштита.