Македонија
4. July 2022 - 16:54

Опожарено возило натоварено со слама, нема повредени лица

Изгореа слама и возило на скопјанец додека се превезувал со него.

- На 03.07.2022 во 14.42 часот во СВР Скопје, Р.С.(33) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, настанал пожар, при што изгореле сламата и возилото. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од МВР.

Увид бил извршен.