Македонија
22. November 2020 - 14:09

Опожарени трски и сува трева кај Калишта

Трски и сува трева изгореа во пожар што претпладнево избувна покрај брегот на Охридското Езеро, во близина на селото Калишта.

На терен се три возила на Територијалната против пожарна единица во Струга, од каде информираат дека огнот е ставен под котрола.

Причините за пожарот не се утврдени.