Македонија
29. January 2020 - 16:28

Опожарени три возила во Скопје

Три автомобили вчера биле опожарени на улицата Отокар Кершовани во Скопје. Според пријавеното, 21-годишната А.А. од с.Мирковци, Скопско, откако го паркирала возилото забележала чад кај хаубата.

Од пожарот биле зафатени уште две возила – „мерцедес“, сопственост на А.Р.(44) и „цитроен берлинго“, сопственост на Л.С.(66), двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од СВР Скопје.