Опожарени две возила во Скопје
Во пожар што избувнал вчера наутро на улица „Кленоец“ во Општина Карпош, опожарени се две возила. Првото е „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје, а второто возило е „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(48) од Скопје.
Како што информира денеска МВР, случајот во СВР Скопје го пријавила М.С.(25) од Скопје, на 6 август 2020 во 00.40 часот. Таа пријавила дека на улица „Кленоец“ во Општина Карпош настанал пожар, при што било опожарено патничкото возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и дел од фасада на зграда на улицата „Кленоец“, со прозорец и ролетна од стан, како и паркирано патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(48) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо