Македонија
19. December 2016 - 11:57

Опожарени две куќи во Охрид

Два станбени објекта се опожарени вчера на улицата „15 Корпус“ во Охрид. Пожарот избувнал утрото околу осум часот во една куќа по што пламенот се проширил на покривниот дел од објектот, а потоа и на покривот од соседната куќа - лепенка. 

Веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, пламенот бил локализиран, но е причинета значајна материјална штета.

Причините за избувнувањето на пожарот ќе ги утврди увидот. Како можни причинители се посочени неисправна електрична инсталација или неисчистен оџак.