Македонија
2. January 2021 - 16:17

Опожарени две бараки во Скопје, повредени лица нема

Вчера во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во барака на ул„Руѓер Бошковиќ“, соопштуваат од МВР.

Во пожарот една барака целосно изгорела, а уште една барака била делумно зафатена.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.