Македонија
2. August 2020 - 14:27

Опожарени две бараки во Скопје откако се запалила разводна кутија на ЕВН

Вчера во 08.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.Мите Богоевски во Скопје настанал пожар на електрична разводна кутија сопственост на ЕВН која била во дворни места по што од настанатиот пожар биле опожарени фасади од бараките соспственост на Р.С.(41) и И.Ч.(46) двајцата од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопштуваат од МВР.