Македонија
15. January 2022 - 16:51

Опожарена покривна конструкција на куќа во Кичево

Вчера на улица“ Реџо Рушит-Зајази“ во Кичево, избувна пожар во куќа сопственост Т.Д.(68) од Кичево. Од огнената стихија била опожарена покривната конструкција од куќата и дел од покуќнината.

– Пожарот кој вчера избувна во куќата на Т.Д.(68) на улица“ Реџо Рушит Зајази“ во Кичево, ја зафати покривната конструкција на куќата и дел од покуќнината.

При овој пожар нема повредени лица а истиот бил изгаснат по интервенција со едно возило и три пожарникари на Територијалната против пожарна единица Кичево.

На местото на пожарот увид изврши полициска екипа од ОВР Кичево а причините за истиот и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат-информира портпаролот Стефан Димоски.