Македонија
20. March 2017 - 14:06

Опожарена борова шума во село Тимјаник

Околу пет хектари борова шума изгореле вчера во атарот на неготинското село Тимјаник, соопшти полицијата.

Пожарот избувнал во местото викано Прогон. Како случај е пријавен во 16 часот, а бил изгаснат час и половина подоцна, околу 17:30.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот.