Македонија
22. September 2018 - 16:50

Опожарен дел од клубот „Станица 26“

Опожарена е салата и дел од фоајето на ноќниот клуб „Станица 26“ на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески изјави за МИА дека пожарот избувнал попладнево, а интервенцијата е завршена. 

- Во гаснењето на пожарот интервенираа десет пожарникари со четири противпожарни возила, по телефонска дојава на 193, изјави Томески. 

Засега не се познати причините за пожарот.