-->
-->
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-->
Во СВР Скопје ноќеска во 03.15 часот било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен бутик, сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема, а од пожарот биле зафатени фасадата од зградата, стан над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.
Како што информира МВР, биле зафатени и две патнички возила, „Шкода камик “ паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна