Македонија
3. October 2018 - 14:30

Опожарен автомобил на скопјанец - полицијата трага по строителот

 Опожарен автомобил во скопското село Мирковци. Како што стои во билтенот на МВР, З.З. утринава во 2:11 часот пријавил дека во близина на неговата куќа во село Мирковци било опожарено патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Н.(34) од село Мирковци. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.