Свет
24. November 2021 - 18:54

Оператори во Австрија најавија поскапа струја за 17 отсто од 1 јануари

ператорите со електрична енергија во Виена, Долна Австрија и Бургенланд на почетокот на следната година ќе ја поскапат струјата за околу 17 отсто.

За домаќинство со годишна потрошувачка од 3.500 киловат-часови тоа ќе значи месечно зголемување од 13 евра од 1 јануари, најавува групацијата оператори во три провинции во источна Австрија, EnergieAllianz.

Како што се наведува, поскапувањето е неизбежно поради развојот на меѓународниот пазар на електрична енергија и растот на австрискиот индекс на електрична енергија за 84 отсто за една година. Социјалдемократската партија на Австрија реагираше на најавата за поскапување на струјата и побара од Владата ефикасна борба против бранот поскапувања, како и ефективни мерки за брзо олеснување на граѓаните. Цената на струјата ќе биде повисока за 7,9 отсто од крајот на овој месец во провинцијата Штаерска, што ќе донесе повисоки месечни трошоци за просечното домаќинство за 5,33 евра.