Македонија
17. February 2020 - 20:03

Оперативци на МВР ги следеле и снимале обвинетите во Рекет

Боки 13 два пати бил на гости кај Јанева пред да биде уапсен. Ова го открила полицијата која ги следела двајцата обвинети во Рекет. Се следело и движењето на осудениот Зоран Милевски за кого Јовановски рече дека на една од снимките сега осудениот Кичеец, имал средба со братот на поранешниот премиер, Вице Заев и неговиот адвокат Ване Андреев. Обвинителката Русковска тврди дека посочените не ги забележала на видео снимките.

Јовановски и Милевски биле следени од 21 јуни па се до нивното апсење во Јули. Поранешната обвинителка Јанева под ПИ мерки била 10-тина дена. Полицијата ја следела и на денот кога давала исказ во обвинителството за гонење криминал и корупција. Се слушал и нејзиниот телефон ама немало разговори поврзани со случајот. Според одбраната, снимките не биле идентични со објаснувањето во извештаите од Посебните Истражни мерки.

Судењето за Рекет продолжува утре со презентација на аудио снимки направени од Милевски за кои обвинителството тврди дека немаат значење за Рекет.