Балкан
23. May 2016 - 13:18

Операција на турските воено-воздухопловни сили против ПКК во Северен Ирак

Турските воено-воздухопловни сили спровеле операција во Северен Ирак, при којашто биле разбиени пет цели на терористичката Курдска работничка партија (ПКК), пренесува телевизијата НТВ. 

Обележаните цели биле: склад за оружје и неколку пештери-засолништа. Сите тие биле уништени, и авионите на турската авијација се вратени во својата база во Турција, пренесува БТА.

Воздушните напади се случиле во реонот Метина по 4.30 ч. денеска, и траеле околу еден час, пренесе телевизијата, повикувајки се на безбедносни извори. Во тек е проценка на штетите на ПКК.