Македонија
25. September 2018 - 14:44

Опел Астра се заби во полициско возило - возачот се дал во бегство

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против  С.Р.(26) од Радовиш поради основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17 септември 2018 година во 19:35 часот во Радовиш на улица „Калаузлиска“, на полигонот за полагање на возачки испит, при преземање на службени дејствија за приведување на пријавениот кој се бара по потерница, истиот со патничко моторно возило „Опел Астра“ се упатил кон полициски службеник кој успеал да го избегне возилото, а потоа удрил во службеното возило „Шкода Јети” и се дал во бегство.