Балкан
6. December 2018 - 10:46

Опасност дека од Србија ќе дојде и во Македонија: Се појави нова синтетичка дрога, една доза може да ве убие

Нова синтетичка дрога се појави во Србија и стана популарна меѓу младите, а е спој на канабоиди, активна супстанца на марихуаната и амфетамини во таблета.

Лекарите предупредуваат дека само една доза може да ве убие затоа што никој не знае колку амфетамини или канабоиди има во таблетата затоа што таа се изработува во „куќни лаборатории„.

-Освен тоа, ова е и нов начин на употреба на марихуаната која до сега главно се моташе во цигара, пишува Блиц.

Со оглед на тоа дека новата дрога стана популарна меѓу младите во Србија, прашање е кога ќе ја пробаат младите и во Македонија.

-Новата дрога што се појави во Србија не е испитана и не се знае како делува, предупредува стручњак за болести на зависност, вели психијатар од Србија д-р Иван Димитријевиќ.

„Практично, кога се појавува нова дрога, почнува експеримент во живо, на луѓето“, додава тој.