Свет
18. јуни 2016 - 10:19

Опасен топлотен бран: Се очекуваат рекордни температури од 47 степени

 
Опасен топлотен бран се очекува во следните денови да ги зафати западните делови на САД, а најзагрозени се јужните делови на сојузната држава Калифорнија и на Аризона.
 
Во Лос Анџелес се очекуваат температури од 37 степени Целзиусови, а во Палм Спрингс дури 47 степени.
 
Во близина на Санта Барбара, северно од Лос Анџелес, беснее пожар во националниот парк Лос Падрес. Огнената стихија засега не е ставена под контрола. Ова е најголемиот пожар во реонот од 2009 година.
 
За гаснење на огнот се ангажирани 1.230 пожарникари, а стотици жители се евакуирани. Загрозени се 270 згради. Се очекува горештините да ја влошат ситуацијата со пожарот.
 
Во Северна Калифорнија беснее уште еден пожар, кој зафаќа површина од 10 километри квадратни.